Визија и мисија

Мисија

– Остварување на работничките права и заштитата на професионалните, економските и социјалните интереси на членството преку добри колективни договори;

– Едукација на членство и надградување на нивните  преговарачки капацитети;

– Ефективно финансиско управување со членарините, изнаоѓање дополнителни можности за финансирање, планирање на буџетот и ефикасен систем за контрола.

Визија

– Градење на силен и ефикасен синдикат, препознатлив во земјата и Европа, со уредни односи во рамките на организацијата;

– Синдикат способен да предвиди и управува со промените преку социјалниот дијалог;

– Обезбедување на највисоки стандарди на економска и социјална правда за сите членови со цел да се зачува нивниот личен интегритет и достоинство.