🔥 Денеска на терените на тенискиот клуб Тенис парк Поинтер за првпат се одржа ревијален тениски турнир „Bankers meets diplomats“! 💥🏅
Банките и дипломатијата на едно место! 💼🌍 На иницијатива и во организација на НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Министерството за надворешни работи, земаа учество претставници од шест амбасади на Република Македонија, претстваници од сите поголеми финансиски институции и СФОМ (Синдикатот на финасиските институции на Македонија). Натпреварите се одиграа во двојки, каде секој пар беше комбинација од претставници финансиски институции и дипломатскиот кор во земјава. 🎾🤝
Теренот беше полн со жар, позитивна енергија и одличен спортски дух! 👏 Натпреварите беа исполнети со адреналин и фино поставени удари, а атмосферата беше како на вистински тениски спектакл! 🌟
Голема благодарност до сите учесници кои се погрижија за незаборавни моменти на теренот! 🙌 Ова е само почеток, се надеваме дека ваквите иницијативи ќе продолжат да растат и да ги обединат љубителите на спортот и професионалците од различни сфери! 🏆