Синдикатот при Халк Банка, со поддршка на своите хумани членови собраа доволно облека и детски играчки за социјално ранливи семејства. Истите ќе бидат доделени во соработка со активистите од humanitarniakcii.mk онаму каде е најпотребно.
Ваквите акции ги правиме со цел да го направиме работното секојдневие на нашите колеги различно и покрај работните обврски да се остварат дела кои ја збогатуваат душата и не надоградуваат како личности. Неизмерна е среќата да се биде дел од ваков тим. Огромна благодарност до сите кои ја поддржаа оваа акција.