Oд 7 до 11 јуни 2023 година во Охрид членките на СФОМ Комерцијална банка АД Скопје, Народна банка на РСМ, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје земаа учество на традиционалната манифестација на работа, спорт и културни активности во организација на БОФОС од Србија, со цел развивање пријателство меѓу учесниците и подобра деловна соработка меѓу членовите на различни финансиски организации кои припаѓаат на гранкови синдикат.
И 2023 година БОФОСИЈАДА имаше меѓународен карактер. Учествуваа екипи од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Грција, Турција, Романија. Активно учествуваа вкупно 18 организации, што е најмногу гледано од самите почетоци на БОФОСИЈАДА.
СФОМ традиционално ќе ја поддржува оваа манифестација, имајќи во предвид дека се темели на стратешко партнерство со БОФОС и фактот дека овој настан често се одржува и во нашата држава, поточно во Охрид, што е од посебно значење за позитивно и квалитетно претставување на нашата земја, култура и гостопримство.