Спортски игри по повод “Ден на штедење” 2024

На 26 октомври 2024, СФОМ организираше Банкарски спортски игри по повод „Денот на штедењето“, на кои земаа учество повеќето членки со своите тимови и одмерија сили во фудбал, баскет, одбојка, тенис, шах, пинг понг. Игрите се одржаа на терените на СУГС „Георги Димитров“. Со промоција на спортскиот дух, СФОМ со своите настани продолжува да дава поддршка на тимското мотивирање на вработените во банкарскиот и финансискиот сектор и мотивира здрави навики.