На 16 и 17 ноември 2024 година СФОМ организираше обука за најмладите членови на тема „Обука при работа“, во Хотел Рамада во Гевгелија, при што учество земаа 40тина млади членови на СФОМ до 29 години, со цел да се запознаат со основите законски одредби и права од Законот за работни односи. Обуката ја одржаа Професор др. Александар Ристовски, од Правен факултет „Јустинијан Први“, Емил Крстановски, МОТ и Наташа Мечкароска Симјаноска, МОТ, кои низ работилница и интерактивни квизови ги запознаа учесниците со правата кои произлегуваат од работниот односи.
Share this post