Во организација на Синдикатот на Халкбанк, а водени од мотото “Важни се луѓето” заедно со Црвен крст на Република Северна Македонија беше спроведувана крводарителска акција каде учество земаа нашите хумани вработени.
Со оваа акција која е исклучиво од доброволен карактер а која некому значи живот, Халкбанк уште еднаш ја покажува својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност.