Како продолжување на традицијата, #СТБсиндикат и овие празници подготви новогодишни пакетчиња за повеќе институции ширум Републиката. Вкупно 306 пакетчиња беа доставени во:
НВО Пркос, ЈУ Мегуопштински центар за социјална работа на град Скопје- Дневен центар за аутизам, Национално здружение за социјална инклузија, рехабилитација и општествена интеграција на лицата со посебни потреби “СОЅВЕЗДИЕ” од Скопје, ОЈУДГ 7 Септември Пехчево, Дневен центар Делчево, детска градинка „Наша Иднина „ – објект Тризла Прилеп и Дневен центар Гостивар.
Нашиот тим е посветен на заедницата од која потекнува и возвраќа со грижа, внимание и почит.
Го поздравуваме овој чин на Синдикатот и посакуваме среќни празници.