Задоволство ни е да Ве известиме дека на На 07.07.2024 Синдикатот на НЛБ Банка организираше планинарска тура на Долна Лешница, Кривошиските кади и Крвошискиот водопад.
Вкупно 21 колега поминаа незаборавна авантура во срцето на Националниот парк Шар Планина.
За 10 часа испешачија скоро 25 километри и се искачија до 1900м надморска височина за да уживаат во погледот кон еден од најубавите водопади во Македонија.
На крајот на турата на Попова Шапка следеше дружба со која се заокружи овој прекрасно поминат ден.
Ве повикуваме во иднина да ни се придружите на следните авантуристички тури кои Синдикатот на НЛБ Банка Скопје редовно ќе ги организира