Задоволство ни е да Ве известиме дека во организација на Синдикатот на НЛБ Банка АД Скопје, се изведе еднодневна екскурзија во Солун, Република Грција.
Организацијата беше на највисоко ниво, си поминавме преубаво, релаксирано, заеднички, тимски, на општо задовоство на сите што беа присутни.
Посебно ни е мило и горди сме на пријавената бројка од преку 135 колеги, кои уште еднаш докажаа дека нашата сила е во сплотеноста и заедништвото.
Ви благодариме што ни помогнавте да има пријатната атмосфера, дружење, забава во текот на целиот ден за време на екскурзијата.
Истовремено Ве охрабруваме да ни се придружите за идните патувања.
Поздрав до следното патување, Синдикат на НЛБ Банка АД Скопје