Во деновите од 9 до 12 мај 2024 година СФОМ организираше традиционални спортски игри во Охрид, каде учество земаа 15 членки и над 600 спортисти, вработени во банки и финансиски институции, сите членки на СФОМ. Ова е најголема бројка на учесници од основањето на овој вид на натпреварување, што го потврдува фактот на проширувањето на СФОМ и зголемувањето на квалитетот на натпреварувањето.
Тимовите на членките учеснички се натпреваруваа во 17 дисциплини, во спортски и натпреварувачки дух, во позитивна и пријателска атмосфера, со цел да освојат што повеќе трофеи за организацијата која ја претставуваат и во исто време поддржувајќи го единството на СФОМ како синдикат.
Групен победник на спортските игри за 2024 година е тимот на Комерцијална банка АД Скопје, кои освоија најмногу бодови, а по резултати ја следеа НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.