Животот на детето е како лист хартија на кое секој човек остава трага.
Народната банка подава рака кон граѓаните од ранливи категории и континуирано организира хуманитарни акции со таа цел. Раководството на Народната банка и претставниците на Синдикатот на Народната банка имаа средба со младиот математичар Амир Дестанов, Доан Сулејманоски, директор на СУГС Шаип Јусуф-Скопје, Бранка Јакимовска – класен раководител и предметен професор по македонски јазик на Амир и Горан Тевдовски – ментор на Амир и соработник на Дневниот центар за деца во Шуто Оризари.