На 25 и 26 ноември 2023 година, во Гевгелија, Хотел Рамада Плаза се одржа работилница под наслов „How to retain employees and attract new employees: cooperation between unions and employers“, на која претседателите на синдикатите на Народната банка на Србија и Народната банка на РСМ, Марија Јовановиќ и Александра Ѓорѓиевска презентираа на темата практики и искуства пренесени од меѓународните и европските синдикати и како со горливиот предизвик за задржување на квалитетни работници и привлекување на нови квалитетни кадри се справуваат банките и финансиските институции во развиени економии. На работилницата земаа учество претседателите и членовите од сите членки на СФОМ или над 40тина учесници.
Настанот беше прилика да се потпише и Меморандум за соработка меѓу Самостојниот синдикат на НБС и Синдикалната организација на Народната банка а под покровителство на СФОМ, со кој се овозможува заедничка поддршка во синдикалното делување и размена на добрите практики и знаења меѓу членовите на двата синдикати, а со цел да се подобрат работничките права и условите за работа.