Во рамките на донаторските акции, во месец ноември 2023 и во духот на Social Friday членките на СФОМ: Народна банка на РСМ, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје донираа три печки на ОУ Пере Тошев во село Дреновци прилепско, со цел да ги подобрат условите за учење на најмалите ученици од прво до петто одделение, кои имаа несоодветни услови за загревање на училиштето.
Претходно, во текот на месецот на штедење, октомври 2023, СФОМ со своите членки ја поддржа акцијата организирана од Народна банка на РСМ за донирање на училиштен прибор, што беше објавено и од порталот „Види Вака“ на следен линк: https://www.youtube.com/watch?v=Hx0rleSZMgE