Во соработка со граѓанската иницијатива @retvitniobrok , дел од синдикалните организации на СФОМ овој пат ја покажаа својата хумана страна во насока да подарат грам среќа за бездомните и социјално загрозени лица. 👏
Со голема љубов и топлина зготвија околу 120 оброци кои ќе бидат поделени на оние на кои им се најпотребни.
Со овој потег искрено се надеваме дека ќе поттикнеме што повеќе луѓе да се осмелат да ја покажат својата хуманост дарувајќи среќа секаде каде што е потребно.
Неизмерно сме горди на колегите од синдикалните организации при Халк Банка, Комерцијална Банка, Шпаркасе Банка, Стопанска Банка А.Д. Скопје, Стопанска Банка А.Д. Битола, Силк Роад Банка, Агенција за супревизија на осигурувањата и ФУЛМ штедилница што се обединија повторно и успеаа да реализираат уште еден хуман проект.
0