По двегодишна пауза поради Ковид пандемијата, во организација на Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија СФОМ, во периодот од 12-15 Мај, се одржаа 22-ри Банкарски игри во Охрид.
Учествуваа над 500 членови на Синдикалните организации од 12 финансиски институции кои меѓусебно се натпреваруваа во фудбал, кошарка, баскет, одбојка, пинг-понг, стрелаштво, куглање, пикадо, тенис, шах и серва.
И покрај паузата од две години, сите натпреварувачи докажаа дека сеуште го негуваат својот спортски и натпреварувачки дух.
Најголем број на победи прослави НЛБ Банка, со дури 10 освоени пехари, МВП титула како и титула за севкупен победник.
Честитки за учеството и освоените награди и за другите членки:
Стопанска банка АД Скопје
Комерцијална Банка АД Скопје
Халк банка АД Скопје
Шпаркасе банка АД Скопје
ТТК банка АД Скопје
Осигурување Македонија АД Скопје
Кибс АД Скопје
Развојна банка
Силк Роуд банка АД Скопје
Стопанска банка АД Битола
Фулм Штедилница