Во организација на Синдикатот при Халк банка а.д.Скопје изминатит период беа организирани неколку хуманитарни акции каде учество со свој придонес зедоа вработени од неколку различни региони низ Македонија.
– Во соработка со активисти од “ Донирај компјутер” беа собрани и донирани компјутери, принтери, лап топови како и храна и облека за деца и возрасни од социјално загрозени семејства од регионот околу Кавадарци.
– Во соработка со активистка од акцијата “зготви и подари” беа собрани храна, облека и хигиенски средства за социјално загрозени семјества од охрдидско-струшкиот регион пред празникот Бадник.
– Во соработка со активисти од здружение “Animal voice” колегите од Ресен, Битола и Прилеп се потрудија и подарија грам среќа за бездомните животни кои не по своја вина завршиле на улица напуштени од неодговорни сопственици,подарувајќи храна, ќебиња,поводници и парични средства зa ветеринарни трошоци.
– Во соработна со активисти од “Проект Среќа” беа собрани храна, облека и средства зa хигиена за 10тина социјално загрозени семејства од скопскиот регион
Бидејќи големината на луѓето сe мери по делата кои ги прават, со сигурност може да потврдиме дека ОГРОМНИ сe членовите на Синдикатот при Халк Банка.