Синдикалната организација при Стопанска Банка АД Скопје подели радост на деца од повеќе центри и домови

Синдикалната организација при Стопанска Банка АД Скопје и оваа година подели многу радост пред новогодишните празници. Во Скопје, Пробиштип, Кратово, Делчево, Битола, Пехчево, Прилеп, Берово, Гостивар, Велес и Штип беа поделени 433 новогодишни пакетчиња за деца од групни домови, дневни центри за деца со посебни потреби, Црвен крст и детски оделенија во болниците.

Read more