Синдикалната организација при Комерцијална Банка АД Скопје изминативе години е активно вклучена во подигнување на свеста за општествена одговорност како и поддршка на ранливите категории во општеството, па оттука и оваа година ја покажа својата хумана страна преку поддршка на оние кои им е најпотребна – децата, по повод одблежување на новогодишните празници. Децата се нашето најголемо богатство и сите ние сме должни да им пружиме подобар свет.- Изјави претседателот на Синдикалната Организација, господинот Александар Илиќ. За таа цел, Синдикалната организација донираше новогодишни пакетчиња во Домот за Доенчиња и Мали деца во Битола. Со ваквиот подвиг Синдикалната организација при Комерцијална Банка АД Скопје се стреми кон подигнување на свеста на граѓаните и се надева дека ќе ја инспирира и пошироката јавност да биде хумана и да помага онаму каде е најпотребно.