На 06.11.2021 година (сабота) претседателството на Синдикалната организација на Комерцијална Банка АД Скопје организираше Еко тим-билдинг настан во регионот на Свети Николе каде успешно беа засадени 5000 дрвца. Поддршка за остварување на акцијата дадоа ЈП Национални Шуми, Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална Банка АД Скопје и СФОМ.Ова е уште една потврда за грижата кон животната средина, тимската сплотеност, човечките вредности и квалитети кои ги поседуваат членовите на синдикалната организџација на Комерцијална Банка АД Скопје.