На 30.11.2021 година (сабота) се одржаа традиционалните Спортски игри по повод “Ден на штедење” организирани од Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија. Натпреварувањата беа реализирани согласно сите ковид протоколи и поминаа во позитивна и пријателска атмосфера каде преовладуваше натпреварувачкиот дух на учесниците и каде фер плејот беше во преден план. Членовите на синдикатот на финансиските организации на Македонија учествуваа и се натпреваруваа во следните спортови: мал фудбал, одбојка, пикадо, баскет, шах, куглање, пинг понг и тенис.
Постигнати беа следните реазултати:
Дисциплина | Место |
Мал фудбал | 1-во место: Комерцијална банка
2-ро место: НЛБ банка 3-то место: Шпаркасе банка |
Одбојка | 1-во место: Комерцијална банка
2-ро место: НЛБ банка 3-то место: Халк банка |
Пикадо | 1-во место: НЛБ банка
2-ро место: Шпаркасе банка 3-то место: Халк банка |
Баскет | 1-во место: НЛБ банка
2-ро место: Комерцијална банка 3-то место: Халк банка |
Шах | 1-во место: Стопанска банка АД Скопје
2-ро место: Шпаркасе банка 3-то место: НЛБ банка |
Куглање мажи | 1-во место: НЛБ банка
2-ро место: Комерцијална банка 3-то место: Стопанска банка АД Скопје |
Куглање жени | 1-во место: НЛБ банка
2-ро место: Комерцијална банка |
Тенис мажи | 1-во место: Стопанска банка АД Скопје
2-ро место: НЛБ банка |
Тенис жени | 1-во место: Стопанска банка АД Скопје
2-ро место: НЛБ банка |
Пинг-понг жени | 1-во место: Комерцијална банка
2-ро место: Шпаркасе банка 3-то место: Халк банка |