Мобилноста, но и физичката подготвеност на поединецот се навистина актуелни теми во изминатите години, особено ако притоа може да се придонесе и за заштита на животната средина. Придобивките од употреба на велосипеди и електрични тротинети се огромни и незаменливи, како за поединецот, така и за целокупното општество.
За таа цел, Синдикалната организација на Комерцијална Банка АД Скопје, започна проект “ ЛАЈК ЗА БАЈК”, преку кој ќе додели 100 ваучери, односно ќе изврши поврат на средства на првите 100 членови на синдикатот на Комерцијална Банка АД Скопје кои ќе купат велосипед, електричен велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 26.04.2021 година.
Повратот на средства ќе биде во висина од 50 % од износот на фискалната сметка, но не повеќе од 3.000,00 денари.