Семинари и обуки

На 5-ти ноември 2024 година, во „Едукативен Центар Халкбанк“, се одржа работилница на тема „Важноста и влијанието на социјалниот дијалог врз продуктивноста на модерните компании,“ организирана од Синдикатот на работниците од финансиските организации во Македонија (СФОМ) во соработка со Халкбанк АД Скопје и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Работилницата започна со воведни обраќања од д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, и м-р Бобан Ристески, претседател на СФОМ, кои ја истакнаа вредноста на социјалниот дијалог како основа за создавање продуктивна и инклузивна работна средина. Следуваа предавања од Емил Крстановски, национален координатор, и Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор од МОТ, кои се осврнаа на клучните придобивки од социјалниот дијалог за долгорочен развој на компаниите.

Оваа работилница претставуваше извонредна можност за учесниците да добијат вредни сознанија и практични насоки за значењето на дијалогот помеѓу работодавачите и вработените, како критичен фактор за зголемување на продуктивноста и одржување на позитивна организациска култура.

Семинар 2024 Мадрид

Во период од 8 до 10 октомври 2024 претставниците на СФОМ имаа можност да земат учество на семинарот организиран од WoW и EZA, во Мадрид, Шпанија, на тема: “Pressure at work. How to relieve the constant and increasing demands on workers?”. На истата тема, нашите претставници беа дел и од работилницата, при што со претставници од повеќе грански синдикати од различни земји одговараа на поставените прашања.

Семинар 13-15 септември 2024 година во Калитеа, Грција

Две панел работилници на претседателите на членките на СФОМ. Ќе ја презентираат нивната работа, предности и планови на Синдикалнита организација која ја претставуваат, преку куса презентација и поставување на прашања од учесниците на семинарот.

 

Презентација 1

Презентација 2

Семинар 20-21 Јули 2024 во Охрид, Х. Метропол

Предавач:

Емил Крстановски – национален кординатор на МОТ
Тема: “Безбедни и здрави работни места” со фокус на превенција од стрес на работно место, спречување на вознемирување и насилство и ергономија.

Презентација 1

Презентација 2

Презентација 3

Презентација 4

Републичкиот синдикат на вработени во банки, осигурителни друштва и други финансиски здруженија
на организациите на Србија РС БОФОС во соработка со Европскиот центар за трудови прашања (ЕЗА), а дополнително поддржан од Европската комисија организираше семинар на тема: „Еднакви можности на пазарот на трудот:
Создавање инклузивен пазар на труд за сите генерации. Млади и постари работници – две страни на иста паричка!“ што се одржа од 12.06. до 16.06.2024 година. во Кладово, Србија.
Над 70 луѓе присуствуваа на семинарот, вклучувајќи предавачи, презентери и самите учесници.

Најважниот аспект на семинарот беше едукацијата на учесниците во однос на промовирање на трансферот на знаење меѓу нив генерација како и посочување на карактеристиките, верувањата и животните искуства кои ја дефинираат секоја генерација, влијаејќи за тоа како работат, комуницираат и реагираат на промените во нивната работна средина. Неопходен за пренос на знаење е комуникација. Комуникацијата помеѓу постарите и помладите работници е токму клучниот фактор. Меѓугенерациски комуникацијата е многу важна во процесот на интеграција на двете групи на пазарот на трудот. Поради оваа причина, акцентот на семинарот тоа беа токму начините, односно спецификите на комуникација меѓу двете генерации, како и меѓугенерациската комуникација.

20-22 февруари 2024 година, во Ларнака, Кипар, во организација на Krifa, WOW-Europe и EZA претставници на СФОМ земаа учество на семинар на тема “Work is more than just the act: How to improve the well-being of employees – also in view of increasing harassment at the workplace?”.

Конкретно, темите на семинарот се фокусираа на решенија кои ја зголемуваат благосостојбата и задоволството на вработените, што треба да е во фокусот и на синдикатите. Истражувањата покажуваат дека има огромен економски потенцијал за инвестирање во задоволство од работата на три нивоа: на ниво на поединец, на ниво на тим и економија во целина, со цел подобрување на општеството.

Последните години забележителен е пораст на агресија, со силен нагорен тренд, што се отсликува и на работните места. Со зголемување нетрпение и неразбирање, во ера на недостиг на работна сила, работодавачите се подготвени да преземат повеќе дејства и активности со цел да се подобрат условите и задоволството на работа, за што треба да има поддршка од синдикатите. Ваквата соработка во праксата дава добри резултати. Искуства и ставови беа презентирани од претставници од Данска, Кипар, Австрија, Португалија, Латвија и Холандија.

WOW-Europe, Republican Workers’ Union (RSR) и the European Centre for Workers’ Questions (EZA) во период од 15 до 16 мај 2024 година, во Загреб, Хрватска организира семинар на тема: “Workforce shortage: how to reduce it by intensifying the connection between educational institutions and employers?”, на кој земаа учество и претставници од СФОМ.

Презентирани се повеќе ставови и искуства од учесници од Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Македонија, Австрија, фокусирајќи се на основната цел на семинарот, недостиг на работна сила и соработка меѓу образовните институции и работодавачите.

Последните 10 годни недостигот на работна сила се зголемува и работодавачите користат повеќе стратегии да привлечат нова и образована работна сила. Прашање е каде да се лоцираат најдобрите таленти, па затоа работодавачите ги зајакнуваат партнерствата со образовните институции, со цел да се усогласат студиските програми, да се биде во тек со иновациите и технолошките подобрувања и да се премостува јазот кој се јавува поради недостатокот на вештините, ефикасноста и продуктивноста.

Семинар 29-31 Март 2024 во Ниш, Р. Србија

Предавачи:

Наташа Мечкароска Симјаноска – проектен кординатор на МОТ
Емил Крстановски – национален кординатор на МОТ
Тема: “Колективно договарање во теорија и пракса”

 

Презентација 1

Презентација 2

Семинар 25-26 Ноември 2023 во Гевгелија

Предавачи: Марија Јовановиќ – НБС; Александра Ѓорѓиевска – НБРСМ

Тема: Соработка на работодавач и синдикат за подобар заеднички резултат-“Како да си помогнеме?”

Презентација 1

Презентација 2

Семинар 23-25 Октомври 2023 година во Хаг Холандија
“The current pressure on the labor market: How to solve the shortage of personnel?”

 

Претставниците на СФОМ земаа учество на покана и организација на World Organization of Workers, на тема “The current pressure on the labour-market: How to solve the shortage of personnel?” во деновите 23, 24 и 25 октомври 2023 во Хаг, Холандија. Повеќе европски синдикати и организации ги презентираа актуелните предизвици со кои се соочуваат работодавачите во последните години поради дефицит на квалитетна работна сила, но и предлог решенија кои би се имплементирале во наредниот период. Донесен е заеднички заклучок дека синдикатите и здруженијата на работовачите треба заеднички да го решаваат проблемот со недостаток на работната сила. На состаноците и презентациите учествуваше и претседателот на WoW, господинот Wayne Prins.

Семинар 21-24 септември 2023 година во Врњачка Бања Србија
Предавачи: Повеќе предавачи во организација на БОФОС
“Win-Win преговори! Зајакнување на вештинити во преговорите.”

Краток Извештај

Заклучоци и препораки

Семинар 15-17 септември 2023 година во Калитеа Грција
Предавач Антица Панева Петрова – Народна банка на РСМ
“Преговарачки вештини при склучување на колективни договори: Како да се постигне победничко сценарио за двете страни?”

 

Презентација

Семинар 15 – 16 Јули 2023 година во Охрид
Предавач Антица Панева Петрова – Народна банка на РСМ
” Колективни договори во финансискиот сектор во регионот “

 

Презентација

Семинар 08 – 09 Април 2023 година во Битола
Предавач Игор Кузевски – НЛБ банка АД Скопје
” Работните односи и заштита на личните податоци – ризици на интернет и социјалните мрежи “

 

Презентација

Семинар  01 – 04 Март 2023 година Белград, Србија

Предавач: Повеќе предавачи од “BOFOS” и “EZA

Тема: Здрави работни места во финансискиот сектор

Презентација

Семинар  08 – 10 Февруари 2023 година Лисабон, Португалија

Предавач: Повеќе предавачи од “KRIFA” и “WOW – Europe

Тема: Единство во различноста и различност во единството

Презентација

Семинар  27 – 28 Јануари 2023 година во Блед Словенија

Предавач: Повеќе предавачи од Социјална Академија на Словенија и Работничко Здружение НСИ

Тема:  Дигитална Транс – Формација

Презентација

Семинар  26 – 27 Ноември 2022 година во Гевгелија

Предавач: Анета Георгиев – Шпаркасe Банка АД Скопје

7 навики на успешните луѓе

Презентација

Семинар  12 – 14 Октомври 2022 година во Врник Србија

Предавач: Група Предавачи

Клучна улога на синдикалното образование – Ширење на свест за неопходноста на синдикатот

Семинар  02 – 04 Септември 2022 година во Калитеа Грција

Предавач:

Адвокат Маја Ристова

Препознавање и заштита од вознемирување на работното место (мобинг)- Практична примена и новости

Презентација за мобинг

Еднодневен семинар  16 Јули 2022 година во Хотел Белви Охрид

На ден 16.07.2022 година се одржа еднодневен семинар во хотел Белви – Охрид, на кој учествуваа повеќето членки на СФОМ.
На семинарот се дискутираа тековните состојби во нашата земја и регионот со осврт на економската, енергетската и здравствената криза.
Посебен акцент се стави на растечката инфлација која што во нашата земја надмина двоцифрени бројки.
Бидејќи тоа доведе до паѓање на животниот стандард се потенцира важноста и потребата за зголемување на платите во нашиот сектор.
Иако некои институции веќе имаа иницијативи и реализација на покачувањата на платите се уште има членки на СФОМ каде што постои потреба од сериозни корекции на платите.
Поради тоа едногласно се одлучи СФОМ да изработи колективно барање за корекција на платите во согласност со порастот на трошоците за живот и порастот на инфлацијата.

Семинар  16 – 18 Април 2022 година во Берово

Предавачи:

Наташа Мечкароска Симјаноска – проектен координатор во МОТ

Емил Крстановски – национален координатор на МОТ

“Механизми и алатки за заштита на работничките права”


Презентација за работнички права

Презентација за Систем за надзор

Семинар  02 – 05 Март 2022 година во Белград

Повеќе предавачи –  БОФОС

„Еднакви можности на пазарот на трудот. Родовата еднаквост и четвртата индустриска револуција“.


Преземи

Семинар 13.11.2021 година

Предавач Славе Младеновски  – претседател на КМРСМ

Медијацијата како постапка во решавање спор и нејзините предности во однос на судската постапка

 

 

Преземи

Семинар 03.07.2021 година

Предавач Наташа Мечкароска  – проектен координатор во МОТ

Вознемирување и насилство на работно место – Конвенција 190 на МОТ

 

 

Преземи

Семинар 05.09.2020 година
Предавач Проф.д-р Александар Ристовски
Работното законодавство и неговата примена во услови на COVID-19

Преземи

Семинар 22.02.2020 година
Предавач Епсиманија Црвенпанова
Преговарачки техники на Синдикатот за зголемување на платите на вработените

Преземи

Семинар 30.11.2019 година
Предавач М-р Савица Паланов
Стрес и мобинг на работното место

Преземи

Семинар 14.9.2019 година
Предавач д-р Сашка Мамучевска
Правна рамка за синдикално дејствување на членовите на СФОМ

Преземи

Семинар 06.07.2019 година
Предавач д-р Сања Николиќ
Јавно говорење, креирање презентиации, давање и примање feedback

Преземи

Семинар 10.04.2019 година
Предавач Емил Крстановски, Наташа Мечкароска Симјаноска
Колективно договарање

Преземи