На 30.10.2021 година (сабота) се одржаа традиционалните Спортски игри по повод “Ден на штедење” организирани од Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија. Натпреварувањата беа реализирани согласно сите ковид протоколи и поминаа во позитивна и пријателска атмосфера каде преовладуваше натпреварувачкиот дух на учесниците и каде фер плејот беше во преден план. Членовите на синдикатот на финансиските организации на Македонија учествуваа и се натпреваруваа во следните спортови: мал фудбал, одбојка, пикадо, баскет, шах, куглање, пинг понг и тенис.